Проект „Птици“ по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам

од admin_kult

Eколошкиот проект „Птици“, во кој учествуваа ученици од неколку основни и средни училишта, како и студенти од Машинскиот факултет – отсек Индустриски дизајн, се заокружува денеска со поставување на изработените куќички за птици на различни локации во Зоолошката градина, информираат од Националната галерија.

Проектот „Птици“ почна на првиот ден од пролетта со посета на Зоолошката градина, а потоа следуваше работилница за изработка на куќичките во Чифте амам. Благодарение на студентите од Машинскиот факултет – Скопје, кои ги изработија куќичките, децата имаа несекојдневно искуство – да ги состават деловите од куќичките и да ги декорираат со еколошки материјали. Проектот е инклузивен и во него учествуваа и учениците со попреченост од повеќе училишта.

Проектот, со кој традиционално се одбележуваат денот и месецот на лицата со аутизам, се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе