Петто издание на Фестивалот за кларинет „Кларифест – Скопје 2023“

од admin_kult

Со концерт на ученици и студенти по кларинет, денеска, со почеток во 19:19 часот, во Културно-информативниот центар, Салон 19.19, ќе почне Петтиот меѓународен фестивал за кларинет „Кларифест – Скопје 2023“.

Во рамките на фестивалот ќе настапат гости од Белгија, Полска и од Франција.

Фестивалот, кој го организира Здружението за култура и уметност „Артистико“ – Скопје и ќе трае од 7 до 9 април, се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе