Претставник на Министерството за култура на Светскиот етнофорум во Баку

од admin_kult

Под мотото  „Оживување на традиционалните спортови“,  на 5 и 6 март годинава во Баку,  Азербејџан, се одржа дводневниот 5.  Форум за етноспортови, во организација на Светската етноспортска конфедерација (WEC).

На Форумот, чија цел е популаризација и зголемување на свеста за традиционалните игри и спортови, учествуваше и етнологот Афед Јашари, како претставник на Минстерството за култура, кој одржа презентација со наслов „Традиционалните стари игри од Македонија и од Балканот“.

На Форумот учествуваа 140 учесници од 45 земји во светот. Преку поставување краткорочни и долгорочни цели и стратегии, Етноспортската конфедерација  настојува да ја зголеми свеста за традиционалните игри и спортови.

Претседателот на Конфедерацијата, Неџмедин Билал Ердога, на отворањето на Форумот рече дека Светската етноспортска конфедерација континуирано ги  спроведува своите активности насочени кон заживување на традиционалните игри и спортови почитувајќи ги принципите на традицијата, почитувањето, солидарноста и мирот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе