Историја на филмот, книга II“ достапна и во дигитална верзија

од admin_kult

„Историја на филмот, книга II“ од Георги Василевски, во издание на Кинотеката од 2002 година, сега е достапна и во дигитална верзија.

Како што соопштија од Кинотеката, на следниов линк на веб-страницата на Кинотеката, читателите може да го најдат ПДФ-форматот на ова капитално дело од историјата на светската кинематографија, кое ја обработува појавата на звучниот филм и го анализира периодот во светската кинематографија од  1927 до 1945 година.

Втората книга од четиритомната „Историја на филмот“ хронолошки ги опишува откритието на звукот во филмот, големата епоха на францускиот филм, германскиот филм и нацизмот, полетот на британскиот филм, успесите на советскиот филм, светската кинематографија за време на Втората светска војна, како и стариот и новиот Холивуд.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе