Премиера на претставата „Мистерија Буфо“ во Прилепскиот театар

од admin_kult

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска, од 19:30 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски.

Според Јасмина Мицовска Станкоска, в. д. директорка на ЦК „Марко Цепенков“, во чии рамки работи Театарот, ова е трета премиера за 2022 година.

Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески, Димитар Црцороски. Асистент на режија е Теодора Силјаноска, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Марта Дојчиновска, музиката е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“, а драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, која го направи и преводот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе