Прва премиера на независното театарско здружение „ШТРИХ“

од admin_kult

„Само уметниците останаа живи“ („Only Artists Left Alive“) е насловот на првата премиера на независното театарско здружение „ШТРИХ“ што ќе се одржи на 30 јули (сабота) на сцената на Народниот театар во Битола. Претставата е во режија на Мартин Кочовски, продуцент е Борис Василески, а драматургијата е на Стефан Миленков. Претставата ќе ја има првата изведба во Скопје во септември 2022 година.

Актерската екипа ја сочинуваат: Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Здравко Стојмиров и Марија Стефановска. Музиката ја има подготвено Пеце Трајковски, сценографијата е на Филип Јовановски, а костимографијата на Марта Дојчиновска. Претставата е копродукција на независното здружение „Штрих“, Народниот театар од Битола и Младинскиот културен центар од Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе