Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму/Турбо-нет“

од admin_kult

Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму-ниваму/Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова, во продукција на „Пиреј филм“.  

Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски. 

Премиерата на филмот, кој е  македонско-швајцарска копродукција и е поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева, е планирана за напролет.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе