Оливер Мусовиќ изложува во Марибор

од admin_kult

Во галеријата К18ВД-30 – изложбен простор на историскиот Ветрињски дворец во Марибор, Република Словенија – денеска, 15 декември, во 19:00 часот, ќе биде отворена 20-тата самостојна изложба на уметникот Оливер Мусовиќ „Активен програмиран одмор: мини голф“.

Изложбата е резултат на едномесечниот престој на Мусовиќ во резиденцијалната програма за уметници „СобаЗаГостиМарибор“ на здружението „Пекарна Магдаленски Мрежи Марибор“.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени нови, неизложувани дела – две фотографски серии реализирани во Охрид (2019 – 2022) и во Марибор, Изложбата ќе биде отворена до 20 јануари 2023 година.

Оливер Мусовиќ самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија и во Црна Гора. Учествувал на многубројни групни изложби на современа уметност низ целиот свет. Учествувал и на резиденцијални престои во Германија, Чешка, Швајцарија, Кореја, САД, и во Франција. Негови дела се застапени во повеќе јавни колекции и се публикувани во повеќе публикации – прегледи на современа уметност од најзначајните светски издавачи на уметничка литература.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе