Недела на италијанска кинематографија во Кинотека

од admin_kult

„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ е темата на годинашната Недела на италијанската кинематографија што се одржува во Кинотеката на Република Северна Македонија до 23 мај 2022 година.

Настанот е во организација на Амбасадата на Италија, а беше отворен со  проекцијата на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“ во режија на Габриеле Маинети.

Ревијата продолжува со прикажување на филмовите: „Брз како ветрот“, комедијата „Италијанци“,  „Сета моја луда љубов“  и  „Нашиот живот“.

Неделата завршува со два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“ и „Тежок живот“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе