Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ гостува во НОБ

од admin_kult

Во рамките на меморандумот за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија – „Театар Отворен Балкан“ (Open Balkan Theatre), што беше потпишан неодамна и е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции, на 21 декември, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.

Диригент на претставата (романтичен балет во два чина) е Иван Еминовиќ. Кореографијата на Леонид Лавровски ја реализира Катарина Обрадовиќ, костимографијата е на Божана Јовановиќ, сценографијата е на Борис Максимовиќ, а концерт-мајстор е  Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац-Кнежевиќ, заедно со Хозе Иглесијас и Никола Бјанко.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе