Мултимедијален концерт на британскиот композитор Роџер Ино со Oркестарот на Филхармонијата

од admin_kult

„Седеф“ е насловот на мултимедијалниот музички проект на Роџер Ино, кој денеска, во 20 часот, ќе настапи заедно со Оркестарот на Филхармонијата во Скопје. Во рамките на концертот ќе биде изведена авторска музика на овој британски пијанист и композитор, а присутните ќе имаат можност да слушнат нова музика во аранжман и оркестрација на Џијан Емин, кој ќе биде и диригент.

Во рамките на овој музички настан, кој има мултимедијален карактер, освен музика, ќе има и визуелизации, поезија, филм….

Пред концертот, во 19 часот во фоајето на Филхармонијата ќе биде отворена и изложбата „Посветло отколку без светлина“ на Стефан Шашков на која ќе бидат изложени дела инспирирани од амбиенталната музика на музичари  како: Брајан и Роџер Ино, Роберт Фрип, Харолд Бад, Даниел Лануа, и Мајкл Брук.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе