„Поместени граници“ – изложба на ДЛУМ

од admin_kult

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска (23 февруари), во 19 часот, во галерискиот простор во Домот на АРМ во Скопје ќе го отвори седмото издание на изложбата „Поместени граници“.

Кураторскиот концепт на изложбата, на која учествуваат 22 автори членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, го направи Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата е со наслов „Каде е границата…?“.

Изложбата, која ќе биде поставена до 4 март, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе