МНТ својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма

од admin_kult

Македонскиот народен театар (МНТ) својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма. Средствата од продадените билети од претставите „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски и „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, што ќе се одиграат на 3 април, ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.

Како што информираат од МНТ, истиот ден во фоајето на Театарот ќе биде претставена и документарната изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од претставите изиграни од 1945 година до денес.

Инаку, МНТ е формиран на 31 јануари 1945 година на Президиумот на АСНОМ, со што Театарот официјално започнува со работа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар драматург.

Првата претстава „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, премиерно е прикажана на 3 април 1945 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе