Џез-фактори фестивал во Битола

од admin_kult

Со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски, почнува седмото издание на меѓународниот „Џез-фактори фестивал“, што ќе се одржи од 3 до 6 април во Битола.

Според организаторите, во рамките на фестивалот ќе се одржат девет концерти и пет придружни културни настани.

Првиот концерт ќе го одржат „Јулиа Сиедл трио“ од Австрија и „Николас Гардел трио“ од Франција, а пред публиката во Битола ќе настапат и „Гоце Мицанов трио“ и гости од Полска, Грција и од Србија. На последниот ден ќе се одржи работилница за изработка на гитари на Ивица Јорданов, посочи Маретиќ.

Според програмата, на фестивалот ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-музичар во 2023 година.

Фестивалот се организира под покровителство на Општина Битола во партнерство со НУ Народен театар Битола, а со поддршка од Министерството за култура и Центарот за култура од Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе