Почина актерот Мустафа Јашар, еден од доајените на Турскиот театар

од admin_kult

На 77-годишна возраст, почина Мустафа Јашар, еден од доајените на Турскиот театар од Скопје.

Мустафа Јашар е роден на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како актер во НУ Турскиот театар – Скопје.

Тој целиот работен век го помина во Турскиот театар каде што одигра  многубројни улоги. Кариерата на Мустафа Јашар паралелно течеше и на филмот и на телевизијата, каде што одигра педесетина улоги во ТВ-серии и играни филмови. Меѓу нив се: „Итар Пејо“, „Време води“, „ Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „Среќна нова 49“, „Балканот не е мртов“, „Трето полувреме“ и други.

За ликот на Креонт во претставата „Антигона“, Јашар беше награден за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ во 2003 година. Ја освои наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2005 година. Истиот фестивал му додели и награда за животно дело во 2014 година, а беше и лауреат на наградата „Јуџел“ во 2020 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе