Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Општина Кривогаштани

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на 30 март 2024 година (сабота),  во 13:45 часот, заедно со дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе остварат работна посета на Општина Кривогаштани.

Посетата ќе започне со средба со градоначалникот Николче Мискоски во општинската зграда во 13:45 часот, а ќе се изврши и увид во проектите поддржани со средства од Капиталните дотации во културата наменети за единиците на локалната самоуправа.

Изјави за медиумите на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Општина Кривогаштани, Николче Мисковски, се предвидени во 15:00 часот.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе