ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на македонското глумиште Митко Апостоловски

од admin_kult

На 67 годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, актерот Митко С. Апостоловски.

Телеграма со сочувство до семејството и до сите почитувачи на ликот и делото на Митко С. Апостоловски упати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

 „Остави траен белег на културната сцена и ќе биде засекогаш врежан во колективната меморија, на вљубениците во теататорот, но и кај сите граѓани. Почивај во мир Митко С. Апостоловски. Вечна ти слава!“,  стои во телеграмата со сочувство од министерката Костадиновска- Стојчевска.

Апостоловски дипломирал на отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Народниот театар во Куманово, а од 1995 пак во битолскиот театар.

Меѓу многуте улоги во театар, ТВ и на филм се и во филмовите „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе