Изложба на Филип Јовески во Центарот за култура во Прилеп

од admin_kult

„Боите на мојот град“ е првата самостојна изложба на прилепчанецот Филип Јовески што ќе биде отворена денеска (9 ноември) во 19 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На изложбата ќе бидат претставени слики во комбинирана техника, работени во 2022 година, на кои се претставени значајни објекти, градски визури и пејзажи од градот Прилеп.

– Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекта од моето творештво: архитектурата и уметноста – вели авторот.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во државава, но и во Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт-артист за графички новели.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе