За кого бијат камбаните“, премиера на Театар Куманово

од admin_kult

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово, утре (3 мај,) со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата„За кого бијат камбаните“, работена според текст на Ернест Хемингвеј, а во режија на  Мартин Кочовски. 

Во фокусот на претставата се наоѓа обединувачката моќ на хуманоста и сочувството, но и големината и нескршливоста на човечкиот дух во безизлезни ситуации, а особено кога човек е исправен пред смртта.

Во претставата играат: Александра Михајловска, Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илич, Жарко Јовановиќ, Дубравка Киселички, Јанка лефкова, Кети Дончевска-Илиќ, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Чедомир Митевски и Мишо Димитријевски-Шипе. Драматург е Лидија Митровска-Ѓорѓиевска, сценограф Филип Јовановски, костимите се на Кети Пауновска-Стефковска, а музиката е на Пеце Брада Трајковски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе