Заменик-министерот Лучи се сретна со аргентинскиот амбасадор Атанасоф

од admin_kult

Заменик-министерот за култура Даим Лучи денеска се сретна со амбасадорот на Аргентинската Република во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Алфредо Нестор Атанасоф.

Заменик-министерот Лучи, пожелувајќи му добредојде на амбасадорот Атанасоф, изрази очекување успешната соработка и позитивниот развоен тренд на билатералните односи меѓу двете пријателски држави да се рефлектираат и во областа на културата.

Соговорниците се согласија дека во следниот период, интензивно треба да се работи на унапредување на културната соработка меѓу двете земји преку потпишување  билатерални документи. Беа разгледани и можностите за размена на аргентински и македонски уметници на културни манифестации и фестивали.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе