Настап на Националниот џез-оркестар на „The Balkan Jazz Showcase – 2024“ во Тирана

од admin_kult

Националниот џез-оркестар на 12 мај ќе настапи на фестивалот „Balkan Jazz Showcase – 2024“, кој од 10 до 12 мај се одржува во салата „Black Box“ на Универзитетот за уметности во Тирана.

Ова концертно претставување е прво од неколкуте настапи надвор од нашата земја што ќе следуваат во наредниот период, преку кои Оркестарот ќе се претстави пред публиката во неколку балкански земји.

Фестивалот „Balkan Jazz Showcase – 2024“, кој е во организација на Албанското џез-здружение (Albanian jazz society), годинава го има своето четврто издание. Во двете фестивалски вечери настапуваат: оркестарот „NisVille“ од Србија, Сара Јововиќ трио од Црна Гора, „Sethstat Quintet“ од Северна Македонија, „Gypseons Trio“ од Грција, „Leo Richartz Trio“ од Германија, Alba Dajlani & AJS Quartet од Албанија, како и Националниот џез-оркестар.

Покрај учесниците од Германија, овој настан ќе ги собере едни од најталентираните џез-музичари од Балканот и претставува можност за културна размена и промоција на богатството на џез-музиката во овој регион.

На фестивалот „Balkan Jazz Showcase – 2024“ ќе се соберат и директори на фестивали од различни земји, а специјални гости се водечките луѓе од џез-асоцијацијата на Кина. Оваа соработка обезбедува не само културна размена, туку и потенцијални проекти во рамките на програмите на Креативна Европа и на Западен Балкан, како и промоција на балканската џез-сцена на фестивали во кинеските градови: Пекинг, Шангај, Гуангжу и Ченгду.

Покрај музичките изведби, настанот ја вклучува и изложбата „Drumsville – Evolution of the New Orleans Beat“, како подарок од џез-музејот на Њу Орлеанс.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе