Драмскиот театар е добитник на награда на „Јоакимфест“ во Крагуевац за претставата „Се викам Горан Стефановски“

од admin_kult

Драмскиот театар – Скопје е добитник на една од двете награди што ги доделува стручното жири на 17. издание на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“, кој се одржа од 7 до 12 октомври во српскиот град Крагуевац.

Како што соопштуваат од овој театар, специјална награда на Градот Крагуевац се доделува на актерите во претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My name is Goran Stefanovski), според драматизација на Бранислава Илиќ, а во режија на Бранислав Миќуновиќ, кои на високо професионално ниво со умешност, вдахновено и емотивно изградиле различни ликови од делата на Горан Стефановски, вклопувајќи ги во хармонична целина на режисерскиот и драматуршкиот пристап кон делата на овој автор.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе