„Високо во ничија земја“ – самостојна изложба на Саше Блажески

од admin_kult

Во НУ Национална галерија, во објектот Чифте амам, вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Сашо Блажески, „Високо во ничија земја“.

„Сликите од циклусот ’Високо во ничија земја‘ на Сашо Блажески, изработени во комбинирана техника – масло, акрилик и колаж на платно и масло на најлон – иако се во извесна помала или поголема корелација со различните дефиниции на терминот, сепак конкретно се однесуваат на денешната ’нова‘ реалност врз состојбата на индивидуата во светот кој е ничиј и сечиј. Временскиот период во кој авторот го започнува овој циклус, се совпаѓа со владеењето на корона-кризата во светот, состојбата на глобално ниво на општество во време на пандемија и социјална изолација, влијанието на безбројните информации врз психичката состојба на личноста и vice versa, во насока на тенденциозна деструкција на индивидуалноста“, вели Маја Чанкуловска-Михајловска во извадок од текстот на каталогот.

Сашо Блажески е роден во 1980 година во Охрид каде што живее и работи. Дипломирал во 2006 година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија. Има реализирано четиринаесет самостојни изложби дома и во странство, а има учествувано на многубројни групни изложби во: Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекционерски збирки во Норвешка, Јужна Африка и во Романија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе