Оркестарот на Националната филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен – Концертот за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур и Симфонијата бр.7 во А-дур, опус 92.
Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов, како и со проф. Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 годишна возраст.