Концерт на Филхармонијата со Дино Имери и Јерухам Шаровски

од admin_kult

Оркестарот на Националната  филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен – Концертот за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур и Симфонијата бр.7 во А-дур, опус 92.

Дино Имери  (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов, како и со проф. Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 годишна возраст.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе