На големата сцена на Драмски театар-Скопје, денеска ќе се одржи македонската премиера на последниот текст на српскиот автор Душан Ковачевиќ, насловен „Хипноза на една љубов“, во режија на Димче Николовски.
Во претставата настапуваат актерите: Драган Спасов, Маја Вељковиќ Пановска, Соња Стамболжиоска, Ѓокица Лукаревски, Димитрије Доксевски и Филип Трајковиќ. Сценограф е Тодор Дајевски, костимографијата е на Раде Василев, автор на музиката е Александар Митевски, а за визуелните ефекти се погрижи Милчо Узунов.
Претставата ќе започне во 17 и 30 часот, поради препораката да не се излегува без потреба по 21 часот, поради пандемијата со Ковид- 19.