Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области

од admin_kult
  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија во следниве дејности и области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • фолклор;
  • музичка и музичко-сценска дејност;
  • драмска дејност;
  • литература и издавачка дејност;
  • интердисциплинарни проекти;
  • заштита на културното наследство (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, библиотечна дејност, заштита на недвижно културно наследство и заштита аудиовизуелни добра );
  • меѓународна соработка.
  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСИТЕ

Право на учество на конкурсите имаат правни лица и физички лица државјани на Република Северна Македонија.

Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.

На конкурсите НЕ учествуваат национални установи од областа на културата. Националните установи, во согласност со Законот за културата, во јуни во тековната година донесуваат нацрт-годишна програма за работа на установата и ја доставуваат до Министерството за култура.

За докажување на исполнетоста на условите на годишните конкурси, задолжително се доставува следнава документација:

1.1. За физички лица – уверение за државјанство на Република Северна Македонија (оригинал) или копија од лична карта издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија.

1.2. За проекти кои се организираат преку заедничка соработка на две или повеќе физички лица, поединци, односно од неформални групи, се доставува  писмена изјава  од  учесниците  во проектот со која се назначува носителот на проектот и само за него се доставува уверение за државјанство на Република Северна Македонија (оригинал) или копија од важечка лична карта издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија.

1.3. За правни лица – документ за регистрирана дејност (ДРД-образец), тековна состојба или решение за регистриран субјект издадени од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постари од 6 месеци, со исклучок на единиците на локалната самоуправа, локалните установи и други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија.

1.4. Во пријавите по одделни дејности и области, кои се составен дел од годишните конкурси, се утврдени и други задолжителни документи со кои се докажува исполнувањето на условите на годишните конкурси.

III. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и во согласност со добиените бодови од стручната комисија од соодветната дејност или област во делот на буџетот.

III.1. БОДИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ (МАКСИМУМ 100 БОДОВИ)

  • Референтна листа на претходно реализирани проекти – до 20 бода (опционално)

– добиени награди или признанија –  5 бода

– над 20 години искуство во областа –  15 бода

– од 10 до 19 години искуство во областа –  10 бода

– од 5 до 9 години искуство во областа – 5 бода

– од 1 до 4 години искуство во областа – за секоја година по 1 бод

  • Опис на проектот – уметничка  вредност (цели и очекувани резултати) – до 55 бода (опционално)
  • Буџет на проектот (оправдани трошоци со понуди, преддоговори, договори, изјави и сл.) – до 25 бода (опционално)

Нема да бидат поддржани  проекти кои имаат добиено помалку од 28 бода во делот на Опис на проектот.

  1. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите по дејности и области, кои се составен дел од годишните конкурси по дејности и области, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на конкурсите.

Пријавите задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место и се потпишуваат од овластено лице и се доставуваат во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.

Пријавите треба да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16:30 часот во работните денови.

Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на конкурсите, пополнети на образец кој не е составен дел од годишните конкурси, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.

Материјалите доставени со пријавите на конкурсите не се враќаат.

Нема да бидат разгледувани пријавите за кои во прилог не е доставена задолжителната документација од Точка 2 и задолжителната документација наведена во пријавите по одделни дејности и области кои се составен дел од годишните конкурси.

Конкурсите ќе траат од 30.9.2019 до 8.11.2019 година.

  1. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСИТЕ

Сите учесници на конкурсите за резултатите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата.

Резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

Објавените резултати од конкурсите ќе содржат информации за носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со конкурсите може да се добијат на телефонските броеви: (02) 3240 643, 3240 604, 3240 605, 3240 620, 3240 500, 3240 514, или на телефонските броеви на следнава интернет-врска: http://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2019/03/sv_2019_mk.pdf.

Пријава за драмска дејност

Пријава за фолклор

Пријава за музичка и музичко-сценска дејност

Пријава за интердисциплинарни проекти

Пријава за заштита на културното наследство

Пријава за литература и издавачка дејност

Пријава за меѓународна дејност 

Пријава за визуелни уметности, архитектура и дизајн

Информативни содржини:

– Закон за културата

– Национална стратегија за развој на културата

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе