Соопштение за националните установи од областа на културата за доставување нацрт – годишна програма за 2023 година

од admin_kult

Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.

Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности. Во нацрт-годишната програма се изразуваат средствата што се планира да се остварат по други основи, како: сопствени приходи, приходи од услуги и донации.

Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи кои се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.

Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат.

За сите дополнителни информации во врска со обрасците, можете да се обратите до Министерството за култура, до соодветното одделение.

Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци – без приложени документи.

Образец за нацрт – годишна програма за националните установи за 2023 година

Образец за проекти од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

Образец за проект од областа на драмската дејност – аматеризам

Образец за манифестации и фестивали

Образец за проект од областа на музичко – сценската дејност и фолклорот

Образец за проект од областа на драмската дејност – продукција на професионална претстава

Образец за проект од областа на меѓународната дејност

Образец за инвестиционо и тековно одржување на објектите и опремата во државна сопственост

Образец за проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство

Образец за проекти од областа на заштитата на аудиовизуелните добра

Образец за проекти од областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство

Образец за проекти од областа на библиотечната дејност

Образец за проект од областа на европските интеграции

Образец за проект од електронското издаваштво

Образец за списание

Образец за публикација

Образец за издавање носачи на звук и слика

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе