Одлука за продолжување на рокот за поднесување пријави за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година

од admin_kult

Во согласност со Одлуката за продолжување на рокот за поднесување пријави за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година бр. 02-11703/2 од 15.11.2022 година, во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година, објавени на 17.10.2022 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура, рокот за поднесување на пријавите се продолжува до 25.11.2022 година, до 16:00 часот.

Другиот дел од текстот на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година, објавени на 17.10.2022 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура, останува непроменет.

                                                                                               МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе