Дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости се претставени во Музеј-галеријата во Кавадарци.

Во рамките на изложбата посетителите можат да  видат дела од: Горан Боев, Лазар Дојчинов, Соња Самарџиева, како и од нивните гости: Кире Јосифов, Диме Самарџиев и Русинката Анастасија Смирнова. Станува збор за етаблирани и јасно профилирани ликовни уметници, кои досега имаат творено во повеќе ликовни техники.