Со експерименталната претстава на Битеф театар „Како крајот и да не е сосема блиску“, денеска (18 ноември) во Македонскиот народен театар започнува 46-тото издание на Млад отворен театар (МОТ).
Фестивалот годинава ќе се реализира во два блока: од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември. Во рамките на програмата ќе бидат прикажани 26 претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска, како и претстави од домашната независна продукција.
Четириесет и шестиот Млад отворен театар ќе се одржува на шест сцени: Младински културен центар (сала „25 Мај“ и сала „Фросина“), Драмски театар, Театар „Комедија“, МНТ и Дом на АРМ. Повеќе информации за целата програма и за распоредот на: www.mot.mk и www.mkc.mk. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Град Скопје.