Во просториите на Изложбениот салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена групна изложба наречена „Мојот белег“, која ќе трае до 30 ноември.
На изложбата ќе бидат изложени девет дела работени во повеќе сликарски техники, графики и дигитален принт од ликовните уметници: Јана Јакимовска, Ана Ивановска, Шќипе Мехмети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Глигориевска, Жанета Гелевска Велковска-Жани, Јана Манева Чупоска, Ана Темкова и Емилија Божиновска.