Стручен тим од Заводот и музеј – Охрид, предводен од м-р Никола Патчев, изработува детална документација и мерења на влагата на ѕидното сликарство во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.
Конзерваторската документација, на која ќе бидат прикажани сите видови оштетувања на фреските, е неопходна за изработка на Проект за конзервација на ѕидното сликарство од оваа црква што ќе биде изработен во соработка со Националниот конзерваторки центар од Скопје.
Реализацијата на проектот е финансирана со Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.