Битолскиот Народен театар одбележа 77 години од формирањето

од admin_kult

Националната установа „Народен театар“ – Битола одбележа 77 години од формирањето. На 14 ноември 1944 година, со изведбата на едночинката на Владо Малески „Петтоимениот Ѓоре“, почнува репертоарот на театарски претстави на македонски јазик и овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар – Битола.

Низ годините битолскиот Народен театар стана бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде во светот.

Во рамките на одбележувањето на годишнината, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“ беше одиграна претставата „Сомнително лице”,  додека во фоајето  беа изложени фотографии од претстави на Петар Ставрев и Сашо Ставрев.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе