„Вон боите“ – изложба на Висар Мулиќи во Чифте амам

од admin_kult

Во Националната галерија – објект Чифте амам во Старата скопска чаршија, вечер ќе биде отворена изложбата „Вон боите“ на уметникот Висал Мулиќи.

Неговата уметничка креативност вклучува современо експресионистичко сликарство со изразена чувствителност кон материјалот со кој работи. Куратор на изложбата е Зени Блажи.

Мулиќи студирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Приштина. Досега учествувал на повеќе групни и неколку самостојни изложби.

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе