Единаесетто издание на детскиот фестивал „Славејчињата на Кораб“ (Bilbilat e Korabit)

од admin_kult

Во Концертната сала при Центарот за култура – Дебар денеска (28 октомври 2021 г.),  во 14 часот,  ќе се одржи  Фестивалот на детска песна на албански јазик „Славејчињата на Кораб 2021“ (Bilbilat e Кorabit 2021).

Во рамките на Фестивалот, кој годинава се одржува по единаесетти пат, ќе бидат изведени 23 нови авторски композиции на изведувачи и автори од Дебар, Скопје, Гостивар, Струга, а ќе има и учесници од Албанија, Косово и др.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година, а е помогнат и од Собранието на Општина Дебар, Центарот за култура – Дебар и др.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи, со ограничен број посетители.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе