Во Софија промоција на роман на Петар Андоновски

од admin_kult

На 9 септември (среда), со почеток од 18:00 часот, во рамките на културната програма на манифестацијата Алеја на книгата во Софија, Република Бугарија ќе биде претставен романот „Телото во кое треба да се живее“ од македонскиот писател Петар Андоновски, во превод на бугарски јазик.

Романот „Телото во кое треба да се живее“, кој во 2015 гоидна беше награден со признанието „Роман на годината“, излегува во издание на издавачката куќа „Персеј“, која исто така на бугарски јазик го издаде и првиот роман на Андоновски, „Очи со боја на чевли“.  Исто така и трета книга од Андоновски, „Страв од варвари“, која ја ја доби Наградата за литература на Европската Унија за 2020 година,  предвидено е да излезе на бугарски јазик.

Во петокот во Софија, имаше уште едно претставување на македонски уметник, имено се одржа музички концерт на балканското трио во состав: Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Васил Хадџиманов, како дел од SoFest 2020.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе