Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

од admin_kult

Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Славеј во Пелагонија, соопшти Центарот за истражување на предисторијата, кој петта година заедно со Завод и музеј – Прилеп и Институтот за старословенска култура, како и со повеќе европски институции работи на овој локалитет. Целта е да се проучи материјалната култура, архитектурата, стопанството, обредите и природната околина карактеристични за неолитот, доцната антика и средниот век.

Годинашните истражувања биле насочени кон ритуалните форми карактеристични за средновековни погребувања, како и на подоцнежните архитектонски фази во рамки на неолитската населба.

Центарот соопшти дека добиените темелни податоци за различните етапи на функционирање на овој локалитет ќе бидат публикувани во неколку македонски и светски научни списанија.  Неодамна е објавен труд во реномираното списание „Антиквити“ од Кембриџ, а во фаза на печатење е и обемен труд во престижното германско списание „Прехисторише цајтшрифт“. Во овие трудови се сумирани сознанијата од повеќегодишното мултидисциплинарно проучување на Врбјанска Чука што, како што наведува Центарот  за истражување на предисторијата, врвно го презентира и афирмира овој локалитет на меѓународно ниво.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе