Во Народен театар – Битола вечерва во чест на роденденот на Горан Стефановски, „Лет во место“

од admin_kult

НУ Народен театар-Битола одлучи вечерва во чест на роденденот на македонскиот драмски писател Горан Стефановски, онлајн да ја прикаже неговата претстава „Лет во место“.

„Некои луѓе имат само датум на раѓање, а на денешен ден во Битола е роден Горан Стефановски. Вечерва во чест на неговиот роденден, неговата ,,Лет во место” во режија на Ненад Витанов“, напишаа на социјалните мрежи од Народниот театар во Битола.

Претставата може да се погледне на јутјуб каналот на оваа наша национална установа https://youtu.be/PNcqFuhd3CM.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе