Во Истанбул изложба на Марија Павловска

од admin_kult

Oд 6 јули до 6 август во Културно-информативниот центар во Истанбул, Турција, ќе биде поставена изложбата „Тишина“ од Марија Павловска.

Од КИЦ во Инстанбул истакнуваат дека шесте предложени уметнички дела што ја сочинуваат серијата „Тишина“ се интимно поврзани, заедно се дел од истата приказна. Оттаму додаваат дека проектот „Тишина“ е избран од друга поголема серија која вклучува 50 дела наречени „Црно-бело – дневници“, „Тишина“ и „Доплер“ –  серии изработени меѓу 2004 и 2011 година. Преостанатите дела од оваа поголема серија се откупени од музеи, институции и приватни колекции.

Творештвото на Павловска е претставено во Скопје, Нирнберг, Сараево, Париз, Белград, Њујорк и во други градови.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе