3Д – макета од уникатна градба гробница ќе биде изложена во Музејот „Куќа на Робевци“

од admin_kult

Започна реализацијата на проектот „Виртуелна реконструкција и изработка на макета на гробницата од македонски тип во Охрид“ од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.

Од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј –  Охрид информираат дека, во соработка со Регионалниот зелен центар Охрид, изработуваат виртуелен 3Д-модел на оваа уникатна градба што ќе стане достапен за пошироката јавност преку интернет-платформите. Од Заводот и музеј – Охрид најавуваат дека 3Д-макетата од гробницата ќе биде изложена во Музејот „Куќа на Робевци“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе