Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности изложба на Тома Димовски

од admin_kult

Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности денеска во 12 часот ќе биде отворена  самостојната изложба „Буниште“ на Тома Димовски. Заради почитување на планот на рестриктивните мерки за спречување на ширење на корона-вирусот и на протоколот за јавни настани, изложбата ќе биде отворена во текот на денов до 20 часот.

– Тома Димовски, во рамките на овој негов проект, интерактивен дводелен перформанс, насловен ,,Буниште“, поттикнат од непочитувањето и честата вандализација на уметноста во јавниот простор, преку серија графики метафорички го поставува прашањето: ,,ДАЛИ и КОЛКУ уметноста и уметниковото творештво се заштитени во нашата држава, а со тоа и КОЛКУ културата во нашето општество е ФРЛЕНА на БУНИШТЕ?“, што всушност е и главен поттик за дебатата којашто уметникот интенциозно и сугестивно ја покренува со самата изложба, односно состојбата и значењето на уметничките дела во нашето општество, асоцијативно задирајќи и во прашањето за перцепцијата кон уметничкото дело и ставот кој луѓето го изразуваат помеѓу овие два начина на изложување – вели Ангела Витановска, историчар на уметноста, за изложбата на Димовски.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе