Вечер на ЕУ во рамките на „Охридско лето“

од admin_kult

Фестивалската програма на „Охридско лето“ в недела (18.7.2021 г.) продолжува со веќе традиционалната „Вечер на Европската Унија“, со наслов „Бах во етерот“. Во катедралната црква „Св. Софија“ ќе настапат Мате Бекавац (кларинет) и Ирина Графенауер (флејта) од Словенија.

Мате Бекавац се смета за еден од најзначајните кларинетисти од неговата генерација. Роден во Љубљана, основното музичко образование го завршил во родниот град, а потоа студирал на Универзитетот во Грац со Б. Ковач, магистрирал на „Моцартеум“ во Салцбург. Образованието го комплетирал и на престижната школа „Џулијард“ во Њујорк. Како солист настапувал со: Камерниот оркестар „Франц Лист“, Капела Истрополитана, Камерата Израел, Московски солисти, како и со повеќе симфониски оркестри во Германија, Швајцарија, и со сите словенечки оркестри.

Ирена Графенауер е родена во Љубљана и мајсторството на флејтата го стекнала учејќи со Борис Чампа, Карлхајнц Золер и со Аурел Николет.

Концертира низ цела Европа, но и во САД, Јапонија и во Австралија, а редовно настапува со Гидон Кремер, гостин е на неговиот фестивал во Локенхаус и настапува на турнеи со „Кремер и пријателите“. За своја дует-партнерка долги години ја има харфистката Марија Граф, а особено е длабока нејзината врска со Мате Бекавац со кого буквално „живее музика“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе