Отворање на изложбата „19“ на Христина Зафировска

од admin_kult

Во галерискиот простор при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложбата „19“ на Христина Зафировска.

Преку својот најнов циклус од 19 дела, авторката на апстрактен и сликовит начин ни ги прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.

Христина Зафировска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Од 2009 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Таа е еден од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основани во 2009 година, а, исто така, е меѓу основачите и член на уметничката група „МОМИ“, која во 2012 година почна со активна реализација на проекти низ земјава и на Балканот.

Зафировска работи во областите сликарство, графички дизајн, мозаик, ѕидно сликарство, инсталација, сценографија, цртеж, фотографија и видео.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе