„Травијата“ на 16 и на 18 декември во НОБ

од admin_kult

Националната опера и балет ја најавува Вердиевата „Травијата“ со концертни изведби на 16 и на 18 декември со почеток во 20:00 часот.

Диригент е Иван Еминовиќ. Ќе настапи врвна солистичка екипа, и тоа: во улогата на Виолета Валери ќе настапат Нада Талевска-Спасовска (на 16 декември) и Ана Дурловски (на 18 декември); Благој Нацоски ќе биде Алфред Жермон; во улогата на Жорж Жермон ќе настапат Ристе Велков (на 16 декември) и Борис Трајанов (на 18 декември); Александра Василевска-Лазаревски (на 16 декември), а Марика Поповиќ (на 18 декември); Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени за одржување настани поради моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе