Телеграма со сочувство по повод смртта на Данчо Чевревски

од admin_kult

Министерството за култура упати телеграма со сочувство до Факултетот за драмски уметности и до семејството на македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер, продуцент и професор Данчо Чевревски, кој почина синоќа на 69- годишна возраст во Скопје.

„Данчо Чевревски беше еден од големите сонувачи на македонскиот театар и филм, творец кој со својот децениски професионален влог остави неизбришливи траги во македонската култура. Неговиот придонес во развојот на театарската уметност, многубројните улоги остварени на сцените на нашите театри, како и неговите антологиски филмски ролји во најзначајните остварувања во македонската кинематографија, но и во поранешна Југославија, се само потврда дека загубивме голем уметник, кој беше гордост на нашата држава. За респект е и неговата педагошка активност на Факултетот за драмски уметности каде што со голема посветеност и љубов едуцираше генерации актери и режисери“, стои во телеграмата со сочувство.

Чевревски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови „Триангл“, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот. Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои: „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“. Во текот на неговата плодна кариера добил повеќе награди и признанија, а минатата година, на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на телевизијата.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе