„Струмица – град на културата 2021“ продолжува со изложбата „Времено време“

од admin_kult

Со изложбата „Времено време“, која е  поставена на отворено на Струмичкото корзо, продолжуваат настаните од манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“ за овој месец. На изложбата се претставени репродукции од стари фотографии од Струмица, фотографирани во периодот од 1911 до 1938 година.

Локалната библиотека „Благој Јанков-Мучето“ денеска ќе го одбележи патрониот празник со литературен конкурс посветен на херојот, а вечер ќе се одржи и концерт со наслов „Етноноктурна – ноќна музика“, на кој ќе настапат Александра Коцевска (вокал), Билјана Петровска (пијано) и Петар Колевски (кларинет) со изведба на кратки романтични композиции.

В петок ќе се одржи и промоција на млади роднокрајни литерати, а в сабота е традиционалниот музички фестивал на лица со телесен инвалидитет.

До крајот на месецов се планирани повеќе настани, а најголемо внимание се очекува да привлече настапот на Фолклорниот музички ансамбл „Танец“, кој треба да се одржи на 23 јули на платото пред Центарот за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе