Со изложбата „Времено време“, која е поставена на отворено на Струмичкото корзо, продолжуваат настаните од манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“ за овој месец. На изложбата се претставени репродукции од стари фотографии од Струмица, фотографирани во периодот од 1911 до 1938 година.
Локалната библиотека „Благој Јанков-Мучето“ денеска ќе го одбележи патрониот празник со литературен конкурс посветен на херојот, а вечер ќе се одржи и концерт со наслов „Етноноктурна – ноќна музика“, на кој ќе настапат Александра Коцевска (вокал), Билјана Петровска (пијано) и Петар Колевски (кларинет) со изведба на кратки романтични композиции.
В петок ќе се одржи и промоција на млади роднокрајни литерати, а в сабота е традиционалниот музички фестивал на лица со телесен инвалидитет.
До крајот на месецов се планирани повеќе настани, а најголемо внимание се очекува да привлече настапот на Фолклорниот музички ансамбл „Танец“, кој треба да се одржи на 23 јули на платото пред Центарот за култура.