Стефоска на фестивалот „Скупи-камер-фест“: Музичарите од Балканот се стари пријатели кои долго време и добро се познаваат

од admin_kult

„Создадена за одбрана публика, камерната музика низ времето прераснала во заедничка емоција. Блискоста и играта на звуците создаваат атмосфера на дом кој изобилува со пријателство. Пријателството, на наше задоволство, е главниот тон на „Балканска уметничка сцена“, во рамките на фестивалот „Скупи-камер-фест“, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, пред почетокот на концертот во рамките на четвртото издание на Интернационалниот скопски фестивал на камерна музика.

Таа додаде дека концертот, со наслов „Балканска уметничка сцена“, е музички спој на уметници што живеат и работат на балканскиот простор.

„Музичарите од Балканот се стари пријатели кои долго време и добро се познаваат. Тие секогаш се понапред во одржувањето на старите и создавањето на нови врски, особено меѓу соседите“, рече Стефоска.

Пред публиката во малата сала на Националната филхармонија, во рамките на  концертот настапија реномирани уметници од земјава и од регионот: Сихана Бадивуку – виолина; Владимир Марковиќ – виолина (Република Србија); Марко Поп Ристов – виолина; Милтиадис Касарас – виолончело (Република Грција); Марио Гуралуми – виолончело (Република Албанија); Блерим Груби – виола; Стефанија Јанкова – виола (Република Бугарија); Фраим Гаши – контрабас (Република Косово); Дино Имери – пијано.

Фестивалот „Скупи-камер-фест“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе