Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.
Средбата беше повод да се разменат досегашните искуства од соработката во културата меѓу двете земји и да се постават конкретни насоки за во иднина во областа на културното наследство, размената на експерти, издавачката дејност, уметноста, балетот, драмската и филмската продукција.
Беше нагласена и соработката на двете земји во рамките на УНЕСКО, чие седиште се наоѓа во Париз.
На средбата беше потенцирана успешната улога на Францускиот институт во Скопје, кој има одлична соработка со институциите од областа на културата, а има значајна улога и во едукативниот процес преку организирано изучување на францускиот јазик, франкофонските активности, обука на професори и др.
Министерката Стефоска му пожела успешна дипломатска мисија на амбасадорот Бомгартнер и изрази очекување, за време на неговиот мандат, македонско-француското партнерство и соработката во областа на културата меѓу двете земји да продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.